По повод големиот верски празник Прочка, денеска во црквата Света Богородица-Каменско ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 16 часот.
Со богослужбата ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј со повеќемина свештенослужители.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.












