
Општината распишува незаконски тендери-Цветко Грозданов
„Се фрла магла во очи на граѓаните, а добар дел од работите наведени во тендерот кој е објавен само на веб страницата на Бирото за јавни набавки, се веќе завршени, а тендерот треба да послужи само за покривање на одредени позиции“, рече Грозданов. Сакаме да го запознаеме јавното обвинителство со нашите сознанија, додаде Грозданов, кој не ја исклучи можноста, доколку биде потребно, и ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид да поднесе кривична пријава против градоначалникот.
Според Грозданов, општината не смее 6 месеци пред 31 12.2008 година да распишува тендери, бидејќи на тој начин ќе го задолжи идниот градоначалник и советот со 2,5 милиони евра. Грозданов исто така имаше забелешки и на конкурсот за вработување на државни службеници во општината.

„Тоа се политички и паушални обвинувања кои не држат место, затоа што целата оспорена постапка е направена законски и транспарентно“, изјави за Оhridnews, градоначалникот Петрески кој се наоѓа на службено патување во Израел. Според него пратениците треба да се грижат за државните работи и за тоа што се избрани од народот, а локалните проблеми да остават да ги реши општината.
Наводите на Грозданов ги оспори и Ранко Крстески, член на Комисијата за јавни набавки.
„Постапките кои општина Охрид ги спроведува за јавни набавки се согласно планот за јавни набавки кој градоначалникот Петрески го донесува на почетокот на календарската година. Тој се спроведува во строго дефинирана законска рамка, што 












