Во рамки на твининг проектот од ИПА програмата на Европската унија, ќе се отвараат центри за кариера во универзитетите во Македонија, кои ќе ги поврзат понудата и побарувачката на работна сила во туризмот.
Проектот денеска беше презентиран во Факултетот за туризам и угостителство пред наставниот кадар и претставници на стопанството кои имаа можност да се запознаат со можностите кои ги нудат центрите за кариера.
–Овој проект има за цел да ги линкува универзитетите во Македонија, приватниот центар и релевантните институции и треба да овозможи полесно вработување на младите образовани кадри, да ги подобри студиските програми и да ги запознае студентите и работодавачите со бенефициите на центрите за кариера. – изјави координаторот на проектот Клаудија Хасес, универзитетски професор од Франција.
Таа изрази надеж дека хотелиерите и угостителите од Охрид ќе ги препознаат предностите на проектот и ќе помогнат да се отвори центар за кариера во градот. Заа та цел пред нив денеска беа презентирани најдобрите практики од универзитетите во Северна Ирска каде овој проект на ЕУ успешно е реализиран и добро функционира.
Г.М.














