Ракометниот клуб Вардар и Лука Циндриќ вечно ќе го паметат дебито на завршниот турнир во Лигата на Шампиони. „Црвено црните“ обезбедија пласман финалето со голот на Лука Циндриќ, кој успехот му го препиша на сите, не само на себе.

– Честитки до сите, бидејќи сите сме заслужни за овој голем успех. Очекувавме ваков меч и многу ме радува дека не потклекнавме кога се кршеше резултатот. Барселона беше голем ривал, но го поминавме, а сега на ред е тимот на ПСЖ кој е составен од врвни ракометари. Прво ќе одмориме, а на теренот ќе се обидиме да ги победиме. – изјави Циндриќ.

Финалниот натпревар Вардар – ПСЖ ќе се одигра во 18 часот, а мечот за трето место помеѓу Барселона и Веспрем на програмата е во 15 часот и 15 минути.

Вардар со звукот на сирената ја тресна Барселона за финале во ЛШ ! (видео)

Фото: Екипа.мк
OhridNews