Натпреварот од холандскиот куп меќу Ајакс и АЗ Алкмар не го дочека својот крај, откако беше прекинат при резултат 1-0 во 38 минута. Еден неодговорен гледач влета во теренот и го нападна голманот на гостите Костариканецот Естебан Алварадо.

Ниту голманот на гостите не остана ништо покусо и во иста мера му возврати на навивачот.

Судијата се одлучи да го исклучи голманот Алвардо, а гостинскиот тренер ја повлече екипата од теренот, со образложение дека неговата екипа не се чувствувала безбедно на стадионот во Амстердам.

Дени Блинд, еден од легендите на Ајакс, кратко рече “Холандскиот фудбал го допре дното“.

М.П