Невладината организација „Цивил“ во текот на денешниот ден достави флаери низ неколку охридски населби, во кои пропагира за „Слободни избори-2014“.
На флаерот на македонски и албански јазик пишува дека се работи за проект, со кој оваа организација придонесува за демократски, слободни и ненасилни избори, преку активности кои вклучуваат јакнење на јавната свест за демократија, владеење на правото и човековите права.
-Во проектот се обезбедува сеопфатна, непартиска, целосно објективна и неутрална информација за изборниот процес и сродните политички процеси и настани кои се карактеристични за 2013/2104 година. Во рамки на овој проект „Цивил“ спроведува долгорочен мониторинг и анализа на политичката ситуација и процесите во контекст на изборите и воопшто. Воедно „Цивил“ придонесува и кон слободата на изразувањето преку продукција на информативни содржини достапни за сите граѓани и медиуми во Македонија, без ограничувања, пишува меѓудругото на флаерот.
Исто така во рамки на флаерот се истакнати телефони и електрoнска адреса на кои граѓаните во секое време може да пријават изборни нерегуларности.
OhridNews