Централниот одбор на СДСМ, доцна синоќа, донел одлука пратеничките мандати да се вратат, откако претходно и Извршниот одбор на партијата излезе со таков став. Според неофицијални извори, дискусијата траела цела ноќ, при што имало спротиставени мислења и ставови, но на крајот сепак била донесена едногласна одлука за враќање на мандатите.

Преовладал ставот дека, која било друга одлука, освен враќање на мандатите, би значело признавање на резултатите од изборите и давање легитимитет на избори спроведени со систематска кражба на гласови.

Во текот на расправата имало и критики на сметка на лидерскиот двоец Зоран Заев- Радмила Шекеринска.

Довербата за лидерскиот двоец, како и оценка за резултатите од парламентарните избори, ќе биде тема на постизборен партиски конгрес, кој се очекува да се одржи во текот на месецот.

СДСМ за предвремените парламентарни избори одржани во неделата освои 34 мандати од вкупно 123, но лидерот Заев пред да започне броењето на гласовите рече дека опозицијата овие избори не ги признава.

OhridNews

извор Макфакс