Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер во 1/4 финалето ги заврши натпреварите на Ролан Гарос. Поуспешен од Федерер во три сетови беше Французинот, Жо Филфред Цонга
кој го совлада со (7-5, 6-3, 6-3) и обезбеди пласман во полуфиналето.

Елиминацијата од Ролан Гарос ја продолжи резултатската криза кај Швајцерецот, кој сезонава сеуште нема освоено трофеј.

Во полуфиналето Цонга ќе се сретне со Ферер додека другата полуфинална двојка ќе се одлучи по натпреварите во 1/4 финалето меѓу Ѓоковиќ – Хас и Надал – Варвинка.

Мх.П.