Црковни свечености по повод празникот Св. Климент Охридски
07.12.08 00:03
По повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец“, патронот на градот Охрид и на Македонската православна црква, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека денеска – 7 декември 2008 година, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 16.00 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со повеќемина свештенослужители.
На 8 декември 2008 година (понеделник), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Климент Охридски Чудо-творец“, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стафан, во сослужение со митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Хераклејски г. Климент, како и со повеќемина свештенослужители.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
На 21022026 година во 1245 часот, на улицата „Кленоец,“ во Охрид, лишено од слобода е 44-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници со...
Со традиционалниот детски маскенбал „Емшири 2026” кој се одржа на спортското игралиште „Тодор Александров” беше одбележан празникот Прочка во Велгошти Младите емширчиња со креативни маски инспирира...
Традиционална храна подготвена со увозни продукти не е традиционална Кога ќе одите во некоја земја прво што барате нешто традиционално Тоа ја зголемува потрошувачката и атрактивноста, а не го поска...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.