Црковни свечености по повод празникот Св. Климент Охридски
07.12.08 00:03
По повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец“, патронот на градот Охрид и на Македонската православна црква, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека денеска – 7 декември 2008 година, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 16.00 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со повеќемина свештенослужители.
На 8 декември 2008 година (понеделник), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Климент Охридски Чудо-творец“, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стафан, во сослужение со митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Хераклејски г. Климент, како и со повеќемина свештенослужители.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
Има места на кои летото едноставно завршува А има и места каде што мора да биде испратено како што доликува Во Кампинг Љубаништа тоа одамна е традиција Музика, дружење, оган, факели и неизбежното н...
Вчера попладне во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сузуки Витара“ со скопски регистарски ...
Македонскиот туризам денес изгледа значително поинаку отколку на почетокот на независноста Домашните гости, кои доминираа во првите години, постепено го отстапија приматот на странските туристи, чи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.