Во населбата Лагадин крај Охрид, денеска,  по единаесетти пат масов но ќе биде одбележан празникот посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки Љубов, Вера и Надеж. По традиција на овој ден во Лагадин доаѓаат тие што ги носат имињата на маченичките, како и голем број верници.

Богослужбата во малата црквичка во лагадин која е посветена на светите маченички ќе почне во 15часот.

Црквата во Лагадин во  2000 година ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче, кој пред единаесет години ја започна оваа убава традиција. Собраните пари од верниците тој ги донира за помош на болните и изнемоштени лица, и во други хуманитарни цели.