Два сребрени  крста, позлатено Евангелие и околу седум илјади денари деновиве се украдени од црквата „Св. Петар и Павле“ во село Тресонче, во околината на Дебар.

Од страна на увидна екипа од полициската станица Ростуше, по извршениот увид, констатирано е дека насилно било влезено во црквата, откако сторителот или сторителите го скршиле катанецот на влезната врата. При тоа, крадците не зеле вредни икони.

Неодамна беше извршена кражба и во црквата Свети Атанас во ресенското село Долно Перово, при што беа одземени пет икони и пари.

Во изминатите три години од црквите во струшко се украдени 70 икони. Вредни предмети исчезнаа и од дел од црквите во Охрид и охридско.

Според информациите од Управата за заштита на културното наследство од земјава досега се однесени преку 20.000 вредни икони, артефакти и други исклучително значајни сакрални предмети.

OhridNews