Европското првенство во Полска доби сосема неочекуван расплет откако фаворитите за златен медал Франција и Данска и домаќинот не ја минаа главната фаза.
Франција загуби во директниот дуел со Норвешка, исто како и Данска која претрпе пораз од Германија, а Полска нажалост беше дел од „темната“ страна на историскиот триумф на Хрватска.
Борбата за медал на Европското првенство ќе ја продолжат Норвешка и Хрватска од првата група односно Шпанија и Германија од втората група.
Во полуфиналињата кои се петок на програмата ќе се сретнат Норвешка – Германија односно Шпанија – Хрватска.
OhridNews