Денес, со околу две илјади единки автохтона речна пастрмка, одгледувана во мрестилиштето „Шум“, се изврши порибување на реката Црн Дрим.
Од Здружението на риболовци „Пастрмка“ , концесионер на Црн Дрим, објаснуваат дека со порибувањето на реката и нејзините притоки се врши нејзино збогатување со пастрмка, што воедно претставува и нивна обврска како концесионери.
Од Одделението за рибарство и аквакултура при Државниот инспекторат за сточарство со апел до риболовците од Струга и околината во наредниот период да се заложат подмладокот на пастрмка соодветно да биде заштитен.
Порибувањето на Црн Дрим со пастрмка се изврши под надзор на Државниот инспекторат за сточарство, а со поддршка и на Здружението на спортски риболовци „Рибар 2011“ од Скопје, Институтот за сточарство и Македонската риболовна федерација.
OhridNews
Поради технички проблеми OhridNews недостапен за читателите повеќе часови