
Според досега документираните сознанија најверојатно било пукано од службениот пиштол кој осомничениот го поседувал како вработен во ПС Прилеп, но во моментот, како и неговиот колега не бил на службена должност. Осомничениот по убиството се дал во бегство со ПМВ„Фиат“ со скопски регистерски ознаки. Утринава истиот е обезбеден и се работи на утврдување на мотивите за убиството. Увид на лице место извршиле Истражен Судија, Јавен Обвинител и увидна екипа на ПС-Прилеп. По наредба на Истражен судија, телото на починатиот е предадено за обдукција, соопшти МВР.












