Црната сабота во Македонија ја надополни уште едно убиство, што се случи во Прилеп. Кавга меѓу двајца прилепски полицајци рано утрово заврши трагично кога 35-годишниот Рубинчо Здравески со шест куршуми од пиштол го убил својот колега 44-годишниот Гвозден Мирчески. Убиството се случило околу 3.30 часот пред ноќниот клуб „Даниелс“.

Според досега документираните сознанија најверојатно било пукано од службениот пиштол кој осомничениот го поседувал како вработен во ПС Прилеп, но во моментот, како и неговиот колега не бил на службена должност. Осомничениот по убиството се дал во бегство со ПМВ„Фиат“ со скопски регистерски ознаки. Утринава истиот е обезбеден и се работи на утврдување на мотивите за убиството. Увид на лице место извршиле Истражен Судија, Јавен Обвинител и  увидна екипа на ПС-Прилеп. По наредба на Истражен судија, телото на починатиот е предадено за обдукција, соопшти МВР.

Ohridnews