Плејмејкерот на македонската кошаркаска репрезентација, Владо Иливески е во немилост на тренерот на Ефес Анодолу, Уфук Сариџа. На последните натпревари Илиевски не конкурира во составот, а мечевите ги проследува од трибините, откако управата по барање на Сариџа донесе “плеј“ од Америка.

Во турската и Евро Лигата, дозволено е пет странци во екипата, по доведувањето на Оливер Лафает, Илиевски е “вишак“ и на големо се шушка дека е пред излезната врата од Ефес Анодолу. Доколку кошаркарот и екипата не најдат заеднички јазик за иднината на македонецот, најмногу ќе изгуби репрезентацијата на Македонија која на крај од натпреварувачката година ја очекува големиот испит, квалификациите за Олимпијада во Лондон.

Мх.П.