Суарез на првиот меч на Енфилд, го навреди на расна основа капитенот на “црвените ѓаволи“ Патрис Евра, по што заработи осум меча суспензија. На вториот меч на Олд Трафорд, Уругваецот одби да се поздрави со Евра потег кој предизвика бурни реакции на островото.
Напаѓачот на “црвените“ јавно му се извини на Евра, за инцидентот и неспортскиот однос на мечот од 25-та рунда во Премиер Лигата, но како стојат работите Суарез не ја научи, лекцијата и “скапо“ ќе го плати лошото однесување.
Колку ќе издржи трпението на манеџерот Кени Далглиш, по серијата “гафови“ на Суарез останува да видиме по крајот на сезоната.