Црногороцеот Вуко Борозан и ракометниот клуб Вардар постигнаа договор за продолжување на соработката за дополнителни четири години. 23-годишниот ракометар во „црвено црниот“ табор најмалку ќе остане до 2021 година кога му истекува новиот договор.


Репрезентативецот на Црна Гора сезонава активно учествува во успесите на Вардар во регионалната СЕХА лига, македонското првенство, Купот на Македонија и Лигата на Шампиони.

– Задоволни сме што во своите редови ќе го имаме и во иднина Борозан и неговите силни и прецизни шутеви. Тој одлично се снајде во клубот досега и очекуваме и во иднина да прикажува доби игри и заедно да се радуваме на нови успеси. – изјави извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски.

Борозан во кариерата има настапувано во Ловќен, Карловац, македонскиот Металург и германскиот состав, Либек.

OhridNews