Два цртежи на талентираната Тамара Трајковска се најдоа на поштенски марки во Австрија, кои ги отпечати државната печатница.
Цртеж на Македонка на поштенска марка во Австрија
Цртежите на десетгодишната Тамара беа меѓу најдобрите 20 во Австрија на минатогодишниот конкурс по повод националниот празник на земјата, на кој учествувале 400 учесници. Меѓу наградените на конкурсот „Децата цртаат поштенска марка“ што го распишуваат Министерството за труд и социјала на Австрија, Армијата и државната печатница на Австрија, единствено Тамара Трајковска има два цртежи.
Наградените цртежи се отштампани на поштенски марки со вредност од 55 евроценти. Признанието на Трајковска и на другите наградени им ги врачи лично министерот за труд и социјала на Австрија Рудолф Хундсторфер, на свеченост што неодамна се одржа во Виена.
Тамара Трајковска е родена во Виена, каде живее со своите родители кои по потекло се од Македонија.
По повод 8 Декември, Денот на „Св Климент Охридски“, Патрон на градот, Општина Охрид распиша награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба Темата на конкурсот треба да се однесув...
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата возилата кои учествуваат во јавен со...
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со одлична динамика, а за прв пат во Македонија и во целиот регион се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено в...