Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст Охрид денеска го организира традицоналниот, 40-ти по ред, Општински натпревар по прва помош.

 

– Преку 150 млади ученици-натпреварувачи од основните и средните училишта од Охрид и Дебарца, организирани во  екипи во категорија подмладок и категорија младина се натпреваруваат и покажуваат вештини и техники кои ги стекнале со помош на нашите инструктори. За прв пат во Охрид и Македонија е организиран натпревар по европски терк, со реалистичен приказ на причините за повредите и на самите повреди – рече Сашо Точко од “Црвениот Крст“.


Победничката екипа од категоријата младинци ќе учествува на Државниот натпревар по прва помош, што ќе се одржи во првата половина на месец септември оваа година.

М.П.