Младите волонтери од Охридскиот Црвен крст потпомогнати од своите врсници од Америка, утре ќе оранизираат голема акција за чистење на отпадоците од крајбрежниот појас, пред хотелот “Бетон” до хотелот ‘Застава-Астор”.
Оваа акција е поддржана од ЈП “Охриски Комуналец,” а е дел од тековните активности за заштита на животната средина, што Црвениот крст од Охрид, ги спроведува секоја година, пред почетокот на летната туристичката сезона.











