Црвен крст Охрид по повод денот на гладта, од 16-22 октомври, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС”  спроведува кампања за помош на социјално најзагрозените наши сограѓани, кои секојдневно се борат за да се прехранат.

Гладта е најекстремна форма на сиромаштија каде поединецот или семејството не се во состојба да ги задоволат основните потреби за храна. Иако храната е основното човеково право, сепак стотини милиони луѓе ширум светот секојдневно гладуваат, а секои 3,6 секунди некој умира од глад.-информираат од Црвениот крст.

Неделата на борба против гладта охриодскиот Црвениот крст ќе ја одбележи со низа активност.

OhridNews