Претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков во име на Црвен крст Србија, денес, на градоначалникот Никола Бакрачески му врачи подарок во знак на благодарност до општина Охрид за испратената помош до настраданите во поплавите во Србија. Бакрачески доби подарок, уметничка слика од истакнат српски академски уметник.

Задоволство ми е да го примам подарокот, а уште поголемо задоволство ми причинува тоа што спроведовме успешна хуманитарна акција за собирање помош која стигна до тие на кои им беше потребна, рече градоначалникот Бакрачески.

Одзивот на охриѓани за помош за настраданите во поплавените подрачја во Србија беше голем. За краток период беа собрани големи количини храна и средства за лична хигиена кои потоа со шлепери беа испратени во Србија.  

OhridNews