
На вчерашниот прес Селекторот Катанец побара бара трпение и кредит за тимот на кој се’ уште му верува. Вечерва најавува нови имиња меѓу стартните единаесетмина, меѓу кои, покрај замените за „пожолтените“ Горан Пандев и Игор Митрески, ќе се најде уште некој од тие што во Москва останаа на клупата. Бранителот Николче Новевски и напаѓачот Горан Мазнов се алтернативите за пожолтените Пандев и Митрески. По серијата лоши резулатати селекторот е на тапет кај новинарите .
Договорот ми завршува во ноември. Тогаш се’ ќе ставиме на маса и ќе видам што понатаму. Морате и вие да бидете реални. Имам впечаток дека имате повисоко мислење за репрезентацијата отколку што е реално. Се’ што направивме беше на тенката линија ваму или таму – рече во самоодбрана Катанец, кој ја презеде селекторската должност на македонскиот државен тим во февруари 2006. Оттогаш Македонија одигра 13 средби, 8 квалификациски и 5 контролни. На официјалните има скор од 2 победи, едно реми и 5 порази, а на тестовите трипати победи и по еднаш ремизираше и загуби.
Наметнатиот притисок и непријатната атмосфера што се создава околу репрезентацијата, Катанец ја протолкува како барање за нов селектор.Последните потези со изведувачот на пеналот во Москва, за кој Катанец рече дека е демократски договор на играчите, како и дополнително повиканите репрезентативци, беа повод Катанец да одговара кој го составува репрезентативниот списокот.
Зад списокот и резултатите стојам јас. Катанец призна дека кога го презел тимот најавил само пласман на 4. позиција во групата, пред Израел, Естонија и Андора. Дека работите не се одвиваат во правец како што посакува Катанец сведочи и последниот испад со вербалниот дуел на репрезентативецот Величе Шумуликоски со еден од колегите-новинари.
Кога сте вие солидарни, и јас имам право да бидам со играчите. Не е во ред тоа што го направил. Не сум јас тој што ќе го казни. Запознат е Хари (претседателот на ФФМ – н.з.). Знам како треба, но за некои работи ми се врзани рацете. Изборот е толкав да не можеш да кажеш: Спакувај се и дома! Во репрезентацијата не се учиме. Немаме време за тоа – беше одговорот на Катанец.
Натпреварот вечер кој е од исклучителна важност за селекторот и неговата иднина на клупата на Македонија се игра во 20.30 мин. Ние ке го направиме своето ке бидеме кој на трибините на Градски кој пред малите екрани, и без разлика на сеж ке ја бодриме нашата најдобра репрезентација.
Напред Македонија ! ! !
Мирко Постоловски












