Перо Антиќ, кој неодамна наполи 35 години се врати во омилениот клуб чии дрес го носеше пред една деценија, потпиша едногодишен договор, а во разговор за „Спортклуб“ откри дека претстојната сезона веројатно ќе биде последна во неговата кариера.
„Сега сум 12 години постар во однос на првото мое доаѓање во Црвена звезда. Преубаво е повторно да се биде во саканиот клуб, мислам дека ова ќе биде последна сезона во мојата кариера, баш како што посаквав да ја завршам во Црвена звезда. Во однос на мојот прв престој тука клубот се издигна на сите можни нивоа и се надевам дека ние ќе ги продолжиме успешните резултати“, рекол Антиќ.
Крилниот центар уште еднаш потврди дека одбил неколку финансиски побогати понуди само за повотрно да го облече дреосот на Црвена звезда.
„Навистина е така, инсистирав да дојдам и се откажав од дел од договорот. Но не е се во парите. Сакам кариерата да ја завршам онака како што треба, во клуб во кој сум опуштен и играм за навивачите, а и блиску сум до дома“, изјавил Антиќ за „Спортклуб“.
Антиќ имаше и историски успех на репрезентативен план, откако беше една од главните алки во мозаикот на Марин Докузовски во пласманот на Македонија во полуфиналето на Евробаскетот во Литванија.
OhridNews