Македонскиот репрезентативец Александар Лазевски и неговата екипа Партизан, претрпеа пораз 2-0 од Црвена Звезда во првиот натпревар од 1/2 финалето во Купот на Србија.


Избраниците на Роберт Просинечки со по еден гол во двете полувремиња остварија предност, која ја посакуваа пред мечот. Стрелци на головите за “црвено белите“ беа Милуновиќ во 19-та и Касалица во 75-та минута.

Во другата 1/2 финална двојка Борац ремизираше без голови со Војводина. Реванш натпреварите од 1/2 финалето во Купот се играат на 11 април.

Мх.П.