Македонската репрезентација во ватерпол не успеа да обезбеди пласман на Олимпијадата во Лондон, откако претрпеа пораз од Шпанија 7-11 (3-2, 0-3, 1-3, 3-3).


Во првата четвртина “делфините“ имаа водство од 3-2, а потоа на сцена стапи “црвена фурија“ која делуваше многу помоќно во однос на нашите репрезентативци, втората и третата четвртина ги добија со 3-0 односно 3-1. Четвртата помина во изедначена игра и заврши со 3-3.


Денеска со почетокот во 22 часот, репрезентацијата на Македонија ќе се сретне со селекцијата на Бразил и ќе разигруваме за од петто до осмо место. 

Мх.П.