Фудбалската 2012 година помина во знакот на шпанската селекција. “Црвената фурија“ на Европското првенство во Полска и Украина успеа да ја обрани титулата освоена четири години претходно во Швајцарија и Австрија и со право заврши на првото место на ФИФА ранг листата.


Селекцијата на Шпанија во главно е составена од фудбалери кои доаѓаат од Барселона и Реал Мадрид, кои играа во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони.

Селекторот на “црвената фурија“ Винсент дел Боске одлично ја вклопи “тик так“ играта на Барселона со агресивноста и желбата за победа од Реал Мадрид и без некои поголеми проблеми го покори светот во 2012 година.


Според некои статистики фудбалската репрезентација на Шпанија е најдобра на сите времиња дури подобра од онаа на Бразил предводена од Пеле, на Аргентина со Марадона и на Италија со Дино Ѕоф на голот.

Мх.П.