Црвениот картон на Толески вреден 20 илјади евра ??
23.04.10 08:45
Повремениот македонски репрезенативец, охриѓанецот Гоце Толески ќе го тужи чешкиот тим Сигма Оломуц поради неисплатени плати од договорот.
Толески кој лани како позајмен играч од Славија Прага шест месеци го носеше сино – белиот дрес на Сигма, преку ФФМ а потоа и преку ФИФА и УЕФА ќе испрати тужба до Сигма во која ќе ги бара своите 20.000 евра, сума која е договорена, а подоцна не е исплатена од страна на клубот.
– Деновиве ја преведувам тужбата и секако треба нотарски да ја заверам. Најнапред ќе ја доставам до ФФМ бидејќи немав менаџер тогаш, а потоа преку федерацијата ќе ги тужам во ФИФА и УЕФА за тие пари – вели Толески во изјава за дневниот спортски весник “Македонски Спорт“.
Од клубот пак велат дека парите нема да му бидат исплатени бидејќи тоа било сума со која напаѓачот бил казнет по добениот црвен картон на првенствениот натпревар против Браник. Тогаш тој доби шанса од клупата во 63 минута, при негатива од 1-0, а во финишот на мечот неговата екипа израмна, додека пак Толески во судиското надполнување заработи директен црвен картон.
– Тоа е смешно. Контактирав со нив и тие ми кажаа дека тие се пари за казната која ја имам од страна на клубот за добиен црвен картон. Како и да е тужбата ќе ја испратам во ФИФА и УЕФА и тогаш тие ќе одлучат кој е во право во овој случај – истакна напаѓачот, кој во моментов ги брани боите на тетовска Ренова.
Толески за време на својот шестмесечен престој во Сигма, настапи девет пати но не успеа ниту еднаш ја затресе противничката мрежа.
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Ракометарите на Охрид забележаа победа на гостувањето во Куманово Во натпревар од 20 коло што се одигра вечерва во салата „Перо Наков“, Куманово – Охрид 14:30, полувреме 5:15 Охрид го диктира...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.