Волонтерите од клубот на млади при Црвениот Крст Охрид, тимовите за прва помош, тренери, обучени младинци и тимот за реален приказ на повреди, денеска на градскиот плоштад преку низа вежби го одбележаа Светскиот ден на првата помош.
Во рамките на настанот, волонтерите на Црвениот крст делеа едукативни флаери со информации од областа на првата помош, чија примена во голем процент спасува животи.
„Присутните имаа можност не само да ги видат средствата со кои се работи на нашите курсеви, туку и да пробаат СБО, дефибрилатор и самите да третираат една од прикажаните повреди на актерите.“ – велат од Црвениот крст Охрид.
Оттаму потенцираат дека Црвениот крст и натаму посветено ќе работи на развој на на секторот по прва помош
OhridNews