Охридскиот Црвен крст минатата година реализирал 2393 дарувања крв, што е за 42 % повеќе од предвидениот план.

-Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на
територијата на опШтините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст
Охрид ја поставува на високо рамниШте. Потребите од крв и крвни продукти
за задоволување на потребите на здравствените установи во наШиот град
бараат постојана ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за
трансфузиологија во текот на целата година, велат од Црвениот крст.

Оттаму посочуваат дека хуманоста што ја покажаа охридските крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи. Како гест на благодарност кон нив, а по повод Денот на крводарителството во Р.Македонија,  Црвен крст Охрид утре, со почеток во 12:00 ч., во  Центарот за култура  “Григор Прличев” во Охрид, организира свеченост на која Ќе бидат доделени признанија на заслужни крводарители, поединци и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.

OhridNews