Уште вечерва, екипите на Црвениот крст од Охрид се мобилизирани во пресрет на празник Богојавление – Водици. Во специјален шатор поставен на потегот кај капетанијата покрај градското пристаниште, медицинските екипи на оваа организација вршат здравствени прегледи, за капачите кои денеска ќе скокаат по чесниот крст.

Според претседателот на ОО Црвениот Крст од Охрид, Сашо Точко, сите оние кои планираат да влегуваат во ладните езерски води, пожелно е го извршат овој здравствен преглед.

На оние кои ќе дојдат, ќе им се земе анамнеза со цел увидување дали капачот има некое заболување. Исто така,  ќе им биде измерен крвен притисок како дел од основните работи кои се практикуваат на  здравствените прегледи.“ – истакнува Точко.

Лицата кои ќе скокаат по крстот, ќе можат и рано утрово да извршат здравствен преглед.

Инаку, тимовите составени од лекари, волонтери и спасители од  Црвениот крст, преку низа активности ќе се обидат да одговорат на предизвиците и зададените задачи во текот на празничниот ден.

OhridNews