Англискиот премиерлигаш Ливерпул и шпанска Севиља вечерва во 20:45 часот на Сент Јакоб стадион во Базел ќе ги одмерат силите во финалето од Лигата на Европа.
Влогот во финалниот меч од Лигата на Европа не е само трофејот и паричната награда туку и директниот пласман во Лигата на Шампиони следната сезона.
Тимот од Андолузија две години по ред го освојува пехарот во Лигата на Европа, а со уште еден ќе обезбеди место во историја како прва екипа која го освоила три по ред големиот трофеј.
Ливерпул, пак, со триумфирање во Лигата на Европа ќе ја спаси сезоната која ја започна со Брендан Роџерс, а ќе ја заврши со Јирген Клоп на клупата.
Главен судија на мечот ќе биде Швеѓанецот, Јонас Ериксон, а ќе му асистираат Класениус и Варнмарк исто така од Шведска.
OhridNews