Тимот од Енфилд Роуд е нов лидер во Премиер лигата откако пред своите гледачи во 32-та рунда го декласираше Тотенхем со 4-0.
Дека врвот во Премиер лигата ќе биде обоен во црвено фудбалерите на Ливерпул најавија уште во втората минута кога со автоголот на Кабул поведоа 1-0.
По 25 минути игра Суарез зголеми на 2-0, а со погодоците на Коутињо и Хендерсон во вториот дел „црвените“ ја запечатија победата.
До крајот на шамионатот преостануваат уште шест натпревари, а според мечевите Ливерпул има најлесен распоред до последната 38 рунда.
Мх.П.