Фудбалерите на Ливерпул со 3-2 го совладаа Манчестер Сити во еден од клучните натпревари за титулата во Премиер лигата.

Шампионскиот транс „црвените“ го најавија во првото полуфреме по кое имаа предност од 2-0. Еуфоријата ја најави Стерлинг, а кулминираше со погодокот од Шкртел. Во вториот дел „граѓаните“ успеаја да се вратат резултатски со двата погодоци на Давид Силва, но со голот на Коутињо во финишот од мечот Ливерпул победи и се доближи до титулата.


Резултати : Ливерпул – Мен Сити 3-2, Свонси – Челси.

Табела : Ливерпул 77, Челси 72 (-1), Мен Сити 70 (-2), Евертон 66…

Мх.П.