Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, во  Вевчани возврати на претходно упатените обвинувања од премиерот Никола Груевски дека СДСМ вработувала партиски војници.

СДСМ секогаш демантира, а и овој пат ќе демантирам дека СДСМ вработувала партиски војници и сосема спротивно, ако некој го наруши принципот на деполитизација и департизација на администрацијата, тоа е токму  Груевски и  ВМРО-ДПМНЕ, изјави Црвенковски.

Според него, сите норми и стандарди на вработување и напредување на јавната администрација во моментов се нарушени на груб начин.

За релативно краток временски период беа вработени илјадници и илјадници, а според некои проценки и  30 илјади партиски војници во јавниот сектор во Македонија. Најголем дел од нив немаат ниту работно место, немаат канцеларија, ниту стол за седење, туку седат дома и земаат плата, рече Црвенковски.

OhridNews