
За деблокирањето на сметките на медиумите од Перо Наков бб, Црвенковски посочи дека иако СДСМ е уверена во политичката мотивираност на судската одлука, тој рече дека ќе ја почитуваат одлуката на Кривичниот суд, но побара гаранција од владејачките партии дека нема да донесуваат нови и дополнителни барања и одлуки од страна на несудските органи до завршувањето на предвремените избори.
„Со ова паѓа во вода аргументот на Груевски дека не може и не сака да се меша во одлуките на судството. Освен ако преку ноќ Горан Трајковски не го избрале за судија. И сега што е сето тоа нелогично и неразумно, што е политички некоректно и неоправдано. Господине Груевски покажете дека сте за компромис и за избори со учество на опозицијата“, истакна Црвенковски.
Доколку владејачките партии не го прифатат овој предлог план, според Црвенковски, тоа ќе значи дека тие сакаат да ја турнат опозицијата во вода и да одат на избори без опозиција.
извор: Makfaks












