
Црвенковски кој беше единствен кандидат за претседател на СДСМ, доби поддршка од присутните 601 делегат на партискиот Конгрес.
Покрај изборот на претседател делегатите на конгресот ќе расправаат и по извештајот за претседателските и локални избори за 2009 година.
Се очекува Црвенковски во наредните денови да го предложи новиот состав на централното раководство по колективната оставка на в.д. претседателството неодамна.











