
На конференцијата која е дел од манифестацијата „Денови на пријателство“ учествуваат претставниците на невладини организации, на дипломатскиот кор во земјава, ученици од повеќе средни училишта со мешан етнички состав, како и истакнати личности од научниот и општествениот живот, а целта е да се промовира дијалогот како клуч за меѓусебното разбирање и почитување.Учесниците ќе дискутираат за мултиетничките и мултикултурни -Европски вредности на Република Македонија, како и за образовниот систем и мултикултурата во Македонија.
Попладне учесниците на конференцита во придружба на претседателот Црвенковски ќе ја посетат црквата “Св.Богородица Перивлепта” во Охрид и ќе ги разгледаат културно-историските знаменитости на градот.
оohridnews












