Нашиот фудбалскиот шампион, Вардар со златни букви се испиша во клупската историја во македонскиот фудбал, откако обезбеди пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

„Црвено црните“ билет за најмасовното клупско натпреварување во Европа чекираа елиминирајќи го Фенербахче со вкупен резултат (4-1).

Избраниците на Чедомир Јаневски лавовски се бореа и ја одбранија предноста (2-0) од првиот натпревар победувајќи го со 2-1 турскиот гигант пред преполниот стадион „Шукру Шарачоглу“.

Домаќините поведоа со голот на Роман Нојштатер во 61-та минута и најавија атак на предноста од Вардар. Но, работите во посакувана ситуација за нашиот шампион ги донесе Џигаури седум минути подоцна постигнувајќи го погодок вреден пласман во групната фаза. Печат на брилијатната игра стави Глигоров, кој во судиското продолжение погоди за победа.

Вардар е прв македонски клуб кој ќе учествува во групите во едно клупско натпреварување, а на чекор минатите години беа Шкендија и Работнички. „Црвено црните“ низ пат на ждрепка во петок во 13 часот ќе ги добијат противниците во групите во ЛЕ.

OhridNews