Ракометарите на Вардар во седмото учество на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига кој ќе се одржи во Брест ќе атакуваат на третиот трофеј.


„Црвено црните“ регуларниот дел од СЕХА лигата го завршија на првата позиција на табелата и на Ф4 турнирот влегуваат како фаворити.

Противник на „вардарци“ во 1/2 финалето ќе му биде составот на Загреб, додека во втората полуфинална пресметка ќе се сретнат Веспрем и домаќинот Брест Мешков.

Поради повреда во последен момент од ракометарите патници за Брест отпадна Даниел Шишкарев, а неговото место го пополни Мартин Попоски.

Вардар мечот со Загреб го игра в петок во 18 часот и 30 минути, додека Веспрем и Брест Мешков силите ќе ги одмерат во 21 часот.

OhridNews