Ракометниот клуб Вардар го официјализираше трансферот на Јања Војводиќ кој во Јане Сандански ќе пристигне следната сезона иако тренира со екипата.


Средниот бек кој е репрезентативец на Србија ќе биде опција плус за шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутиерез, бидејќи на таа позиција ги има веќе Игор Карачиќ и Лука Циндриќ.

Пред три сезони Војводиќ го носеше дресот на Металург, а во „црвено црните“ редови доаѓа од Пуенте Генил Анхел Хименез.

Српскиот репрезентативец е второ засилување за „вардарци“ за следната сезона, претходно македонскиот шампион го договои ракометниот џин Даинас Кристопанс.

OhridNews