По веќе загубената титула во македонскиот шампионат „црвено црната“ армија во Охрид на 22-то издание од Купот на Македонија ќе атакува на деветтата титула во историјата.

Титулата од Купот на Македонија не била примарна цел на „црвено црните“, но сепак ставаат голем акцент на ова натпреварување.
– Трофејот во првенството е најважен, но и пехарот од Купот е големо достигнување. Ако успееме да го освоиме и кога ќе сумираме дека ја покоривме СЕХА и стигнавме до осумте најдобри во ЛШ немаме така лоша сезона зад нас – додаде капитенот.
Натпреварите во Купот се играат в сабота и в недела.
Мх.П.










