Женскиот ракометен клуб Вардар ја освои титулата во македонскиот шампионат и се збогува со шест ракометарки. Дуелот со со сестринскиот клуб Вардар СЦЈС кој првата екипа го доби со (54-24) беше последен за Мајса Песоа, Дијана Илина, Сања Дамњановиќ, Ања Алтхаус, Камила Херем и Тамара Мавсар.
Германката Алхаус се повлекува од ракометот, додека останатите пет кариерите ќе ги продолжат во други средини. Клубот, како и претходно на пригоден начин ги испрати ракометарки кои дадоа голем допринос во успесите.
За потсетување, „вардарки“ сезонава го освоија сребрениот медал во Лигата на Шампиони, додека во нашата земја ги обедини титулите.
OhridNews