Младата македонска ракометна репрезентација за прв пат обезбеди пласман на Светското првенство во Алжир годинава, откако на прво место ги заврши во квалификации кои се одиграа во Скопје.
Во последната решавачка трета рунда од квалификациите избраниците на Илија Темелковски ја совладаа Турција со 39-19 (22-13) и поради подобрата гол разликата ја потиснаа Португалија на втората позиција.
На „црвено жолтите“ не им требаше само победа, туку победа изразена со 19 голови разлика на семафорот. Момците одиграа фантастично, квалитетно и зрело не брзајќи во ниту еден момент. Таквата игра, прво на полувреме донесе водство 9 голови (22-13), а постепено Македонија ја зголемуваше предноста во вториот дел која во 48-та минута достигна до потребните +19 (34-15).
До крајот на натпреварот ракометните јуниори не само што ја задржаа, туку и ја зголемија за уште еден погодок предноста, за конечна победа (39-19) и виза за светскиот собир во Алжир.
Во одлучувачкиот натпревар блескаше голманот Даниловски со 14 одбрани, Шилегов реализираше десет голови, а капитенот Талески прецизен беше 9 пати.
Фото: Gol.mk
OhridNews