Црвено – жолтата експедиција се комплетира во Братислава
31.08.10 00:15
Македонската фудбалска експедиција се очекува да се докомплетира во базата во Братислава , во пресрет на воведниот натпревар од квалификациите за ЕП 2012 година во Полска и Украина.
Последен на експедицијата ќе и се приклучи капитенот Пандев кој со авион на Интер ќе допатува во Братислава.
– Добра вест е што заедно со Грнчаров, Тричковски и Стојков ќе пристигне и Величе Шумуликоски кој претходно најави пристигнување на 1. Септември. Играчите кои се дојдени за здрави, расположени и денес прошеа низ врнежливата Братислава. Покрај на терените на ФК Петржалка ќе тренираме и на стадионот на ФК Ружичка. Овде во базата е и нашиот капитен Гоце Седлоски кој дојде да ни даде поддршка што одлично е прифатено од репрезентативците – рече селекторот Мирсад Јонуз.
Седлоски беше “шпиунот“ на Јонуз на мечот Хрватска – Словачка кој заврши 1-1. Популарниот Седло кој одигра 100 натпревари за Македонија, ќе треба на стручниот штаб и репрезентативците да им ги укаже слабите точки на осминафиналистот од последниот Мундијал.
Натпреварот Словачка – Македонија се игра в петок.
Познати се екипите кои ќе се борат за пласман во големото финале на турнирот „Ohrid freed” 2026 Следуваат два полуфинални дуели, четири екипи и само две места во големото финале, велат од ЈП „Билја...
Во рамки на 9-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Гладијаторите свесни за квалитетите кои ги поседуваат влегуваат во натпреварот со јасна цел да ги...
Одиграно третото коло од VI Општинско првенство 7 Ноември 2026 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид Во третото коло постигнати се следните резултати: Табела после одиграни три кола на следнио...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.