Сениорската селекција на Македонија вечерва ќе го одигра првиот од двата пријателски натпревари против домаќинот Германија. Тренираа сите освен Кирил Николовски, чијшто настап на утрешниот меч е под знак прашалник поради проблемите со забите.


„Николовски имаше мало усложнување на ситуацијата и можеби ќе мора да го пропушти утрешниот меч. Лекарскиот тим постојано го следи неговото опоравување од малиот оперативен зафат кој го имаше пред заминувањето за Германија и се надеваме дека се ќе се среди за кратко време“, изјави селекторот Марин Докузовски.

Тренингот во познатата „Олимпија Хале“, која беше изградена за Олимписките игри во 1972 година и која неколкупати е реновирана оттогаш, за нашата репрезентација помина добро, а Докузовски испитуваше неколку тактички варијатни кои ќе ги пробува во дуелите со Германија.

Македонија против Германија ќе игра во 19.45 часот, додека во сабота наутро се патува за Берлин, каде во недела ќе се игра и втората пријателска средба против Германија.

Ohridnews