Македонската фудбалска репрезентација утре (петок) против Финска ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари кои се закажани во подготовките кои „црвено жолтите“ ги одработуваат во Турција.
Пулените на селекторот Игор Ангеловски посакуваат победа и продолжување на добрите резултати. – Тренираме максимално, имаме одлични услови за работа во изминатите четири дена. Финска е квалитетна селекција и ја сфаќаме сериозно. Ги анализиравме нивните добри и помалку квалитетни страни и верувам дека со победа ќе ја подобриме одличната атмосфера во нашиот табор. Тоа секако ќе ни биде дополнителен мотив и за дуелот против Азербејџан. – изјави Илија Несторовски.
Втората тест средба Македонија ќе ја одигра на 27 март против селекцијата на Азербејџан исто така во Турција.
OhridNews