Македонските репрезентативци оптимистички расположени откако врзаа две победи во серија отпатува во Техеран каде в среда во 15.30ч. го игра пријателскиот дуел со домашната селекција на Иран.


Патот преку Истанбул до Техеран беше напорен и наша главна задача тука е првин да ги одмориме и освежиме фудбалерите. Добро е што во договор со иранскиот селектор ќе можеме како и во Струмица да направиме по 7 замени. Информациите што ги имаме за противникот велат дека ќе игра во најсилниот состав како и против Исланд и Јордан, селекции кои беа поразени со по 1-0- вели шефот во “А“ тимот.

Јонуз верува во нашата добра форма како и квалитетот што го поседуваме и најавува игра на победа со што ќе се продолжи нашата добра серија. 


– Ако можевме еднаш да ја освоиме Персија , зошто тоа да не биде и вторпат. На колосалниот стадион Азади се очекува посета од преку 30 илјади гледачи. Временските услови се пријатни.

Селекторот поради повреда односно семејни причини од обврските ги ослободи Илчо Наумовски  и Игор Митрески.

ohridnews